Нападнато е седиштето на ФСБ во Белгород

Од:

Украински дрон денеска го нападна седиштето на руската Федерална служба за безбедност во регионот на Белгород.

Британскиот Дејли Телеграф пренесува дека тоа го објави руската државна агенција Тасс.

Се известува дека во овој инцидент бил оштетен објектот, но дека нема жртви.

Украински беспилотни летала нападнаа цели во неколку руски федерални региони втора ноќ по ред.

Локалните власти објавија дека енергетските капацитети повторно биле мета, а најмалку една рафинерија за нафта била опожарена.

– Нафтената рафинерија во Рјазан е нападната со дрон. Како резултат на тоа, избувна пожар – изјави на Телеграм Павел Малков, гувернер на регионот Рјазан, кој на север се граничи со московската област.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски