Напад врз приватна телевизија во Кабул

Од:

Двајца вооружени мажи денеска ја нападнаа приватната авганистанска телевизија „Шамшад“ во Кабул.

Припадници на авганистанските безбедносни сили соопштија дека пред нападот се слушнала експлозија.

Според истите извори, еден од напаѓачите бил убиен од страна на обезбедувањето на телевизијата, додека другиот започнал претстрелка со чуварите, кон кои фрлил и рачна бомба.

Телевизијата што емитува програма на паштунски јазик, поради нападот времено престанала со работа.

Во соопштението на безбедносните сили не е наведено дали има жртви при нападот, ниту кои се напаѓачите.

Набрзо по нападот се огласија талибанските бунтовници, кои негираа нивна поврзаност со инцидентот.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан