Напад врз премин на Хезболах во Либан

Од:

Напаѓач-самоубиец со мотор синоќа се разнесе во близина на премин на Хезболах во источниот дел на Либан. Во инцидентот има загинати, вклучувајќи и членови на шиитската партија, изјавил извор од службите за безбедност.

Нападот се случил во близина на контролен пункт во предградието на месноста Храјбе, во Бека – регион во Источен Либан, кој граничи со Сирија.

Либанската државна новинска агенција соопшти за тројца загинати, но не прецизира дали жртвите се случајни минувачи или борци на Хезболах.

Повредени се и борци кои се наоѓале во близина на местото на атентатот, посочил изворот од службите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда