Напад врз британската Амбасада во Либија

Од:

Засега непознати лица денеска извршија напад врз британскaта Амбасада во либискиот главен град Триполи, објави телевизијата „Скај Њуз – Арабија“.
Според истиот извор, при нападот врз Амбасадата нема жртви.

Претходно, напад бил извршен и врз колона британски дипломатски возила во едно западно предградие на Триполи. Според западните медиуми, врз колоната возила бил отворен оган во обид да биде украден еден од дипломатските автомобили. И при овој напад нема жртви.

Состојбата во Триполи е хаотична во последниве две недели, откако на 13 јули започна неколкудневни борби меѓу силите лојлани на одметнатиот генерал Халифа Хафтар и исламските милитантни групи, при што загинаа над 70 лица.

Поради интензивирањето на судирите во Либија, повеќе западни држави апелираа до своите граѓани да ја напуштат земјата. Вчера тоа го направија САД, а денеска и Велика Британија и Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски