Напад во село на Мали – 95 мртви

Од:

Најмалку 95 лица се убиени во едно село на Мали, кога вооружен напаѓач отворил оган кон локалното население, кои очајнички се обидувале да побегнат.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Амаду Санго рече дека нападот се случил во текот на ноќта, во селото Собане, каде живеат Догoни.

Локалните власти информираа дека се пронајдени телата на 95 лица, додека 19 се сметаат за исчезнати.

Припадниците на народот Догoни често се судираат со Фуланите околу земјиште и вода. Во март беше еден од најсмртоносните напади, кога беа убиени околу 150 припадници на Фулани.

Би можело да ве интересира

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски