(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Од:

Автомобил влета во група луѓе во Њу Орлеанс. Неколку лица се повредени, а според првичните информации има и мртви.

Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови. според првичните процени има 10 мртви и триесетина повредени.

Се уште нема информации за мотивите на нападот.

Очевидци изјавиле за новинарот на CBS News дека автомобилот со голема брзина влетал во толпа луѓе, а потоа возачот излегол и почнал да пука од оружје, а полицијата возвратила.

Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот, ниту дали се работи за тероризам. Не е познато дали возачот е уапсен.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април