Напад на банда во Мексико, тројца безбедносни службеници убиени со експлозив

Од:

Тројца безбедносни службеници загинаа, а 10 други се повредени во напад со експлозив, за кој се сомнева дека е поставен од членови на криминална банда во западно Мексико, изјави гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро.

Нападот во вторникот вечерта врз државната полиција и официјални лица од канцеларијата на јавниот обвинител е „акт без преседан и покажува на што се способни организираните криминални групи“, рече Алфаро, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека поради инцидентот, Кабинетот за безбедност на Халиско е на постојана седница.

На крајот на минатиот месец во соседната држава Гуанахуато најмалку четворица припадници на Националната гарда беа повредени во експлозија на автомобил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ураган го погоди Мексико, 27 мртви

Катерина Ѓуровски

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

ВИДЕО: Се урна покрив за време на миса во Мексико, најмалку деветмина загинати

Катерина Ѓуровски

Во Мексико: Распарчени тела пронајдени на повеќе локации, пораки оставени крај телата

Шведскиот премиер бара помош од армијата поради зголемените уличните пресметки на бандите

Горан Наумовски

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Мексико, шест во Гватемала