Националниот совет за безбедност на Кралството Белгија, попладнево одржа состанок по анализите и оценките што се извршуваат од страна на Координативното тело за анализа на закани (OЦAM) и Центарот кризи, по што донесе одлука највисокиот, четврти степен на закана од терористички напад да остане во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, премиерот Шарл Мишел посочи дека заканата од тероризам останува “веројатна и неизбежна” за регионот на главнито град, што опфаќа 19 бриселски општини плус градчето Вилворд, но посочи дека само уште утре нема да работат училиштат,а фкаутлетите и метрото.
Премиерот Мишел обзнани на прес-конференција по Состанокто на националниот совет за безбедност дека потенцијалните цели на теориристички напад се исти, а тоа се трговски центри, јавниот транспорт и шопинг-улиците. Притоа, препораки за главните настани остануваат исти, како што е зајакнување на присуството на полицијата и армијата да остане на највисоко ниво во Брисел и во останатиот дел на Белгија, за каде важи трет степен на закана по безбедноста
– Овие мерки ќе траат до следниот вторник. Но, училиштата и јавниот транспорт ќе се отворат во среда. Повторното отворање на метро-станиците ќе се одвива постепено. Оптималното ниво на безбедност ќе се одржува низ целата територија – посочи Мишел.
Ваквото највисоко ниво на закана по безбедноста во Белгија се очекува да остане додека не се уапси или елиминра најбараниот терорист во Европа, Салах Абдеслам, кој учествуваше во терористичките напади во париз на 13-ти овој месец. Според белгиското обвинителство, за него се претпоставува дека се движи со огромна помош на јатаци на белгика територија. Токму затоа беа и синоѓешните и денешните анти-терористички напади во Брисел и во Лиеж, каде беа уапсени 21 лице, од кои само за едно е определен притвор, 17-мина се пуштени, додека тројца се уште се иследуваат.
Апсењето на Салах Абдеслам, според националната телевизија “РТБФ” ќе биде силен сигнал дека ќе е намалена напнатоста во Белгија, бидјеќи истиот и неговите помагатели претставуваат опасност и можно е да поседуваат оружје и експлозиви. Според шпекулациите, најмалку десет лица се подготвени да извршат терористички напади во Брисел, слични на неодамнешните паришки напади, што го потврди и премиерот на Белгија, Шарл Мишел.