Двокатница наменета за странски уметници, кои Варшава ги кани на гости, официјално стана најтесната зграда во светот. Во својот најтесен дел зградата е широка само 92 сантиметри, а нејзиниот автор Јакуб Шчежни ја замислил како уметничка инсталација сместена во простор широк меѓу 92 и 152 сантиметри, кој се наоѓа меѓу две згради во центарот на Варшава.
Зградата се наоѓа во близина на местото каде во времето на Втората светска војна и нацистичката окупација на Варшава стоеше дрвен мост, кој ги спојуваше двата дела на некогашното варшавски еврјско гето.
Таа се состои од еден мал стан, работна соба, кујна и купатило, спална соба на вториот кат, а името „Дом Керет“ го доби по својот прв станар – израелскиот писател Едгар Керет, кој своето потекнува од полските евреи кои го преживеаа холокаустот.
Мајка ми никогаш не се врати во Полска, но за неа е важна судбината на моето творештво во земјата од која потекнувам. Кога го прочита преводот на мојата прва книга на полски ми рече дека повеќе не сум израелски писател, туку полски писател во егзил, нагласи првиот станар на најтесната зграда во светот.