Најновата американска сонда „Старлајнер“ не излезе на правилна орбита

Од:

Американската вселенска капсула „Старлајнер“ изработена од „Боинг“ не излезе на планираната орбита по пробното лансирање од Флорида денеска, но се наоѓа на стабилна орбита, соопшти НАСА.

Џим Брајденстин, раководител во НАСА, објави на Твитер денеска дека „Старлајнер“, сепак е на стабилна орбита.

– Старлајнер беше лансиран утрово без екипаж од Кејп Канаверал на Флорида, но по раздвојувањето од ракетата се појави компјутерска грешка во уредот за мерење на времето, изјави тој.

– Поради таа номалија, леталото имаше поинакво време од вистинското време, додаде Брајденстин.

Првиот пробен лет на капсулата, изнесена на орбита со помош на ракетата „Атлас V“, беше одложен од 19 на 20 декември поради временски непогоди.

Генералната проба на „Старлајнер“ е за идните експедиции кои треба да вклучуваат и луѓе. НАСА сака да ги користи приватните вселенски бродови како CST-100 „Старлајнер“ на Боинг или „КруДрагон“ на „СпејсИкс“, да испраќа луѓе и стоки на МВС.

Сепак, поради проблеми во разработката на тие сонди, НАСА засега се уште користи руски апарати, како сондата Сојуз, за сигурен транспорт во орбитата.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината