Најнов биланс на жртвите од земјотресот во Индонезија: 1.407 загинати

Од:

Во силниот земјотрес и цунамито што во петокот го погодија индонезискиот остров Сулавеси, според последните податоци, загинаа најмалку 1.407 лица, соопшти денеска портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи на Индонезија, Сутопо Пурво Нугрохо.

Најголемиот број од жртвите се од градот Палу и од соседното место Донгала.

Според Нугрохо, досега се погребани само 519 од загинатите лица.

Во земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 објекти, а раселени се повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош.

Во меѓу време, индонезиските власти распоредија дополнителни припадници на безбедносните сили во Палу, со цел да ги штитат клучните инфраструктурни објекти, како аеродормот, и да спречат кражби.

Палу денеска ги посети и индонезискиот претседател Џоко Видодо, која нагласи дека во погодените подрачја пристигнуваа помош од странство.

Најмалку седум карго авиони утрово слетаа на аеродромот во Палу носејќи повеќе тони хуманитарна помош. На авионите пишуваше „Помош за претседателот на Република Индонезија“.

Пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито, денеска еруптираше и вулканот Сопутан, кој се наоѓа во северниот дел на островот, на околу 600 километри североисточно од Палу. Досега нема извештаи за евентаулни жртви или причинета штета при ерупцијата.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници