Најмалку тројца загинати при напад близу аеродромот во Кабул

Од:

Најмалку три лица загинаа, а 18 се повредени денеска при експлозија на автомбил-бомба во близина на аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти локалната полиција.

Според истите извори, бомбаш-самубиец го активирал експлозивот во автомобилот што го управувал, во момент кога крај него минувале колона возила на Полициската мисија на ЕУ во Авганистан (ЕУПОЛ).

Полициски претставник информира дека нападот се случил во близина на контролен пункт на главниот пат што води кон аеродромот, пред зградата на Службата за цивилна авијација, што се наоѓа на стотина метри од аеродромскиот терминал. При нападот е оштетено едно возило на Мисијата на ЕУ и два приватни автомобили.

Портпаролката на ЕУПОЛ, Сари Хаука-Кону соопшти дека при нападот загинал еден човек што патувал во возило на Мисијата, кој не бил нејзин член.

– Сите членови на Мисијата што се наоѓале во возилата се на сигирно и нивните повреди не се критични, нагласи Хаука-Кону.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седик Седики пак соопшти дека останатите две жртви се Авганистанки, случајни минувачки. Тој дополни и дека меѓу 18-мината повредени има осум жени и три деца.

Одговорност за нападот преку соопштение објавено на Твитер презедоа талибанците, кои кон крајот на април најавија нова „пролетна офанзива“ против авганистанските и меѓународните сили.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан