Најмалку три лица загинаа и 200 се водат како исчезнати во одрони предизвикани од силни монсунски дождови во централниот дел на Шри Ланка, соопштија денеска локалните власти.
– Пријавени се 140 оштетени домови во одроните, изјави портпаролот на Центарот за управување со природни катастрофи Сарат Кумар, додавајќи дека во операцијата за спасување се вклучени полицијата и локални доброволци.
Делови од неколку автопатишта во земјата се уништени од поројните дождови и одрони.
Во одрони околу главниот град на Шри Ланка во јуни годинава животот го загубија 13 лица.