Најмалку тринаесет војници на либиската армија вчера се убиени од терористи во источна Либија, информира армискиот портпарол, цитиран од француските медиуми.
– Повеќето војници беа убиени од мини, подметнати од терористички организации, рече портпаролот Милуз ал Зави за агенцијата Лана, официјалната информативна агенција на меѓународно признатата влада во Тобрук.
Според Лана, војниците загинале во зона на конфликт околу Бенгази, каде се бореле со терористи.
Од август 2014 година Либија има две влади. Тогаш Унијата на исламистички милиции упадна во Триполи, инсталира своја администрација и ја принуди меѓународно признатата влада да се пресели во источниот град Тобрук, напоменуваат француските медиуми.