Најмалку шест лица загинаа, а 19 се повредени во терористички напад во Либија, јави ТАСС.
Според телевизијата „Скај њуз Арабија“ напаѓачот камиказа активирал автомобил бомба на контролен пункт во близина на градот Мисрата, на околу 200 километри источно од Триполи.
Одговорноста за нападот ја презема локалното крило на џихадистичката група „Исламска држава“. Во соопштението на џихадистите се наведува дека терористичкиот напад бил извршен од борец од Судан.