Најмалку шест лица загинаа, а околу 20 се повредени во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на либискиот град Мисрата.
Поголем дел од повредените се припадници на обезбедување, кои биле ангажирани на влезот од градот.
Милициите од Мисрата се главни сојузници на Владата во Триполи, а неодамна се приклучија и во борбата против исламистичките екстремисти во градот Сирт.