Најмалку шест лица повредени во нападот на железничката станица во Париз

Од:

Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.

Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила.

Францускиот железнички оператор СНЦФ, исто така, на Твитер објави дека полицијата денеска отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, Гаре ду Норд, и дека сообраќајот во реонот е во застој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

ВИДЕО: Објавена листата на десетте најпосетувани градови во 2024

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски