Најмалку седуммина загинати во пожар во Сеул

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 11 други се повредени денеска при пожар во преноќиште во центарот на јужнокорејскиот главен град Сеул.

Лекарски извори соопштија дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем, бидејќи дел од повредните лица се наоѓаат во критична состојба.

Според сеулската противпожарна служба, пожарот избувнал во 5 часот по локално време (полноќ по средноевропско време) на последниот кат од трикатната зграда на преноќиштето.

За гаснење на огнот на пожарникарите им биле потребни околу два часа.

Очевидци изјавија дека огнот избувнал во една соба во близина на скалите на преноќиштето и брзо се проширил, поради што лицата што биле сместени на третиот кат не можеле да го напуштат објектот.

Зградата немала автоматски систем за гаснење пожар, како ни други противпожарни уреди.

Во време на избувнувањето на пожарот во преноќиштето имало околу 50 гости.

Јавното обвинителство на Јужна Кореја веднаш започна истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски