Вооружени мажи синоќа убија најмалку пет полицајци и го окупираа Домот на печатот во чеченискиот главен град Грозни, пред да бидат ликвидирани. Во акцијата се убиени седум напаѓачи, јави ТАСС, повикувајќи се на шефот на руската република Рамзан Кадиров.
Кадиров лично командувал со операцијата за ликвидирање на вооружените мажи. Напаѓачите планирале да извршат напади од голем размер на позиции во Грозни, изјави Кадиров.
Според Кадиров во Грозни ќе биде изграден нов Дом на печатот, бидејќи сегашниот претрепе големи оштетувања во нападот.