Најмалку пет Палестинци убиени на Западниот Брег

Од:

Најмалку пет Палестинци се убиени од израелските сили денеска на окупираниот Западен Брег, објавија палестинското Министерство за здравство и палестинските медиуми.

Тројца од нив се убиени во напад со дрон, јави палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на болнички извори во западниот град Тулкарм.

Израелските војници убиле најмалку двајца Палестинци за време на претходните судири во бегалски камп во градот, објави ВАФА.

За време на израелската воена операција во градот Тулкарм и тамошната бегалска населба избувнаа судири.

Израелската армија потврди за агенцијата Франс прес дека спроведува операција во областа, но не ја соопшти причината или бројот на жртвите.

Влошувањето на насилството доаѓа по повеќе од 18 месеци конфликт што ги поттикна стравувањата дека ситуацијата на Западниот Брег може да ескалира во поголем конфликт и да стане нов фронт во војната меѓу Израел и Хамас.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас. Израелските авиони го бомбардираа Појасот Газа со недели по нападот на Хамас на 7 октомври, а израелските тенкови и војници навлегоа длабоко во енклавата, околу градот Газа.

Гневот поради борбите се зголеми на Западниот Брег и во многу делови од арапскиот свет со зголемените повици за прекин на огнот.

Од почетокот на војната предизвикана од ненадејните напади на Хамас врз Израел, околу 180 Палестинци се убиени на Западниот Брег во напади на израелски војници или еврејски доселеници, според тамошното Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел