Најмалку едно лице загина во престрелката во училиште во Ајова

Од:

Најмалку едно лице го загубило животот, а неколку се ранети во денешната престрелка во средно училиште во малото гратче Пери, во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми.

Според Ен-Би-Си, повикувајќи се на неколку полициски извори, напаѓачот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.

Во престрелката се повредени уште три лица, меѓу кои двајца ученици и еден училишен службеник.

Осомничениот вооружен напаѓач е идентификуван, рече шерифот на округот Далас Адам Инфанти на прес-конференција, но одби да даде дополнителни детали.

Како што наведе, пукањето било пријавено утрово околу 7:37 часот по локално време, пред почетокот на првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците од гимназијата во Пери, на кој присуствуваат околу 1.785 ученици.

Инфанти им кажа на новинарите дека полицаецот реагирал седум минути подоцна и открил луѓе кои страдале од прострелни рани, без да прецизира кои се тие.

„За среќа, во зградата имаше многу малку ученици и наставници, што според мене придонесе за добар исход во таа смисла“, рече тој на брифинг со новинарите.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД