Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во напад со нож во Канада

Од:

Едно лице е убиено, а најмалку шест други се повредени во напад со нож во оддалечена домородна заедница во Канада, соопшти денес локалната полиција.

Осомничениот напаѓач починал кратко по нападот во заедницата на Првите Нации во Манитоба, извести Кралската канадска коњаничка полиција (RCMP), пренесува BBC.

Инцидентот се случил во градот Холоу Вотер, околу 200 километри североисточно од Винипег.

„Осум лица со разни повреди биле пренесени по воздушен или копнен пат во локалните болници“, соопшти Здравствениот орган на Манитоба.

Нападот се случил на третата годишнина од масовното ножување во нацијата Џејмс Смит Кри и блиското село Велдон, Саскачеван, во кое загинаа 11 лица. Осомничениот за нападот во 2022 година почина откако беше уапсен по тридневна полициска потера.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повторно летаат ракети, гори американскиот конзулат во Дубаи

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ

Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Иранците тврдат: Ајатолахот Хамнеи е жив

Израел: Ајатолахот е мртов

Предраг Петровиќ