Најмалку еден загинат и седум повредени во самоубиствен напад во Либија

Од:

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени денеска во самоубиствен напад во источниот либиски град Куба, соопштија локалните сили за безбедност.

Автомобил полн со експлозив удрил во контролен пункт во Куба, по што експлодирал. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Во февруари борци од групата Исламска држава извршија напад со автомобил бомба во Куба, во кој загинаа 42 лица. Нападот беше одмазда за египетските воздушни напади откако џихадисти убија 21 египетски копт.

Речиси четири години по соборувањето на режимот на Моамер Гадафи, Либија е во тотален хаос. Земјата се наоѓа во отворен конфликт меѓу две ривалски влади и два парламенти, поврзани со спротивставени вооружени групи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски