Најмалку десет загинати во поплави и лизгање на земјиште во Индонезија

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а стотици се повредени во лизгање на земјиште и поплави во северниот дел на Индонезија.

Кал и карпи паѓаат во седум дистрикти на Манада, главниот град на провинцијата Северен Сулавеси, а над 1.000 домови се поплавени по излевање на река, изјави претставникот на службата за вонредни ситуации Сутопо Пурво Нугрохо.

Според него девет тела се извлечени од рушевините, а едно од надојдената вода, додека над 1.200 лица се сместени во привремени засолништа.

Спасувачките екипи трагата по уште повредени.

Сезонските обилни врнежи секоја година предизцикуваат десетици поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите