Најмалку четворица загинати, а 119 повредени при напад врз Германскиот конзулат во Авганистан

Од:

Четири лица загинаа, а 119 се повредени во синоќешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба извршен врз Германскиот конзулат во Мазар и Шариф, главниот град на авганистанската провинција Балх, соопшти полицијата.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи изјави дека 25 лица од персоналот на Конзулатот се безбедни и оти никој не настрадал во нападот. Тој додаде дека Конзулатот претрепел „сериозни штети“.

– Авганистанските безбедносни сили и германското обезбедување, како и припадници на НАТО го одбија нападот на тешко вооружените напаѓачи, истакна портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Според ДПА бомбаш-самоубиец со автомобил полн со експлозив удрил во оградата на Конзулатот. И портпаролот на НАТО изјави дека во нападот бил употребен еден автомобил-бомба, додека според очевидците имало два автомобила. Според локалната полиција по експлозијата неутврден број талибанци навлегле во дворот  на Германскиот конзулат.

Одговорност за нападот ја презедоа талибанците, наведувајќи дека тоа е одмазда за 30 убиени цивили во американскитте воздушни напади во Кундуз пред неколку дена.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан