Најмалку четворица убиени и 15 повредени во експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени при денешната експлозија во најголемата американска воена база во Авганистан утринава, соопшти мисијата на НАТО во земјата.

За нападот одговорност преземаа талибанските вооружени групи, јави ДПА.

Во порака на Твитер, Талибанците наведоа дека бомбаш-самоубиец го извршил нападот, при што беа убиени четворица и повредени 15 лица.

Загинатите се странци, но засега не е позната нивната националност.

Експлозијата во воздухопловната база „Баграм”, во источната провинција Парван, одекнаа малку по 05.30 часот (02.00 ч. по македонско време).

САД имаат околу 10.000 војници во Авганистан, а најголемиот американски контингент во земјата е лоциран токму во базата „Баграм”, на педесетина километри северно од престолнината Кабул.

Во четвртокот навече четири лица загинаа и 128 беа повредени кога бомбаш-самоубиец со камион натоварен со експлозив удри во германскиот конзулат во северниот авганистански град Мазар Шариф. И за овој напад одговорноста ја презедоа талибанците.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан