Најмалку четворица Палестинци убиени на границата со Појасот Газа

Од:

Четворица Палестинци загинаа, а 13 се повредени во судирите со израелската војска на границата со Појасот Газа, соопшти денеска палестинското  Министерство за здравство.

Израелската армија соопшти дека околу 200 Палестинци тргнале кон војниците на границата, фрлале со камења и палеле автомобилски гуми, а израелските безбедносни сили отвориле оган со цел да ги запрат.

Тоа гранично подрачје воглавно беше мирно од минатогодишната војна меѓу Израел и Хамас. Неодамна неколку ракети од Појасот Газа беа истрелани врз Израел.

Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Исмаил Ханија денеска ги пофали палестинските напади со нож ширум Израел.

Би можело да ве интересира

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа