Најмалку четворица цивили загинати во гранатирањата на Триполи

Од:

Во артилериски напад врз густо населен станбен кварт на престолнината Триполи, што вчера го извеле силите на командантот Калифа Хафтар, погинаа најмалку четворица цивили, јавија американските медиуми.

-Хуманитарната ситуација е катастрофална, навистина страшна, изјави претставникот на либиското Министерство за здравство Амин ал-Хаџеми.

„И покјрај апелите за прогласување на прекин на огнот за властите да можат да се организираат за адекватен одговор на ширењето на коронавирусот, артилериските напади на силите на командантот Хафтар од тешки артилериски орудија не пекинуваа со часови, дури стануваа се поинтензивни, рече ал-Хаџеми.

ОН го осудија интензивирањето на артрилериските напади врз Триполи, а претставникот на светската организација Стефан Ѓујариќ побара прекин на огнот од хуманитарни причини, за да се спречи ширењето на вирисот.

-Потребно е итно прекинување на судирите, предупреди Гујариќ и потсети дека ОН евидентирале 341 цивилна жртва во нападите врз главниот град на Либија, од кои 64 се погинати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски