Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

Од:

Четири лица се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што го погодија Чанџи, во северозападната кинеска автономна област Ксинџијанг Ујгур.

Според локалните власти за вонредни и противпожарни служби, поплавите и одроните се предизвикани од обилните дождови што го зафатија регионот во понеделникот, пренесува Ксинхуа.

Во раните утрински часови во вторникот спасувачките екипи успеаја да ги расчистат патиштата и да ги пренесат затрупаните на безбедни места.

Потрагата и спасувањето на четворица исчезнати лица се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина