Најмалку 70 повредени во нападот на толпа врз владини згради во Бразилија

Од:

Најмалку 70 лица се повредени, од кои шест потешко, во вчерашниот напад на демонстранти врз зградите на бразилските федералните власти во главниот град на земјата, соопшти денеска бразилското Министерство за здравство.

Повредените побарале лекарска помош, а тешко повредените се задржани во болница.

Меѓу повредените има новинари и полицајци. Претходно медиумите објавија дека најмалку 12 новинари биле повредени додека известувале за насилните настани во Бразилија.

Поддржувачите на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кои не го признаваат неговиот изборен пораз од левичарот Лула Да Силва, со месеци кампуваат во Бразилија пред зградата на Генералштабот, барајќи од армијата да интервенира, бидејќи изборите наводно биле наместени.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он