Во циклонот што го погоди источниот дел на Мадагаскар за време на викендот загинаа најмалку 6 лица, 3 се повредени, а повеќе од 13 илјади се раселени.
Циклонот Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар во петокот и саботата, а брзината на ветровите се движела од 140 до 190 километри на час. Опасноста од циклонот помина, а повлечени се сите предупредувања.
Во циклонот во март минатата година на Мадагаскар загинаа 50 лица, а голема штета беше предизвикана и на плантажите со ванила.