Најмалку 55 загинати во поплави во Мозамбик

Од:

Поплавите во Мозамбик, предизвикани од поројни дождови, однеле најмалку 55 животи, соопштија денеска ОН.

Поради водната стихија во северните и централните делови од земјата раселени се уште 19.000 луѓе, така што вкупниот број на раселените во последните две недели достигнал речиси 170.000 лица.

Владата на Мозамбик предупреди дека населението погодено од поплавите во јужниот дел на земјата се соочува со недостаток на храна, а многумина мораат да користат загадена вода, поради што има се повеќе случаи на стомачни заболувања и мачнини.

Цели села, градови и огромни површини обработливо земјиште се под вода, бидејќи за 12 дена наврнале 500 милиметри дожд, што е трипати повеќе од просечните месечни врнежи во овој период од годината.

ОН наведува дека за санирање на штетите од поплавите во оваа сиромашна африканска земја потребна е помош од 15 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски