Најмалку 36 загинати при ерупцијата на вулканот Онтаке

Од:

Пет безживотни тела денеска се пронајдени во близина на кратерот на вулканот Онтаке во Јапонија, кој еруптираше в саботата додека на планината имаше голем број планинари и туристи.

Се претпоставува дека бројот на жртвите се искачи на 36. Вчера е потврдена смртта на четири лица, а пронајдени се 31 човек во критична состојба.

Повеќе од 1.100 пожарникари, полицајци и војници денеска повторно се во потрага на преживеани во обид да спасат десетина планинари за кои се претпоставува дека се заробени на планината, откако вулканот почна да исфрла пепел, камења и пареа. Спасувачката операција вчера беше стопирана поради ширење на отровен гас.

Локалната власт на префектурата Нагано соопшти дека вкупно 45 луѓе се водат како исчезнати, а над 40 планинари биле принудени да побараат засолниште во планинарските домови во текот на ноќта поради слаба видливост.

Вулканот еруптираше во саботата и исфрлаше густ бел чад и пепел до 10 километри во висина. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека вулканот и понатаму е активен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски