Најмалку 30 убиени при напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија

Од:

Најмалку 30 лица загинаа денеска кога бомбаш-самоубиец се саморазнел во една шиитска џамија во местото Ал Кадех во источниот дел на Саудиска Арабија, соопштија властите во Ријад.

Сведоци на настанот за локалните медиуми изјавила дека виделе „триесетина мртви тела“ како лежат на подот од тешко оштетената „Имам Али“ џамија во Ал Кадех.

Нападот бил изведен во време на редовната петочна молитва, кога во џамијата имало повеќе од 150 верници.

Досега никој не презеде одговорноста за овој напад.

Во Саудиска Арабија живее бројно малцинство на шиити услимани.Тие се главно населени во источниот дел на земјата и повремено протестираат, барајќи повеќе права за својата верска заедница.

Ова е прв ваков напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија.

Терористичкиот напад доаѓа по воздушните напади што саудиската авијација ги извршува врз позициите на шитските бунтовници во соседен Јемен.

Властите во Ријад се изложени и на закани од џихадистите од Исламска држава кои се напаѓани од меѓународната коалиција во која има и сунитски држави, меѓу кои е и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови