Најмалку 29 лица загинаа денеска при напад на група талибански бунтовници врз воена база во северозападниот дел на Пакистан, соопшти претставник на пакистанската армија.
Според истиот извор, меѓу загинатите има 26 пакистански војници и тројца цивили. При нападот се поврдени уште 29 други лица.
Армискиот претставник информира и дека пакистанските војници по неколкучасовна престрелка успеале да го одбијат нападот и да ги ликвидираат „сите 13 напаѓачи“.
Нападната воена база се наоѓа во нестабилниот регион на Пакистан во близина на границата со Авганистан.