Најмалку 27 работници загинаа, а 43 други се повредени денеска при голем пожар во фабрика за пиротехнички материјали во Индонезија.
Несреќата се случила во населбата Тангеранг во западниот дел на индонезиски главен град Џакарта.
Според полициски извори, во време на избувнувањето на пожарот во фабриката имало вкупно 103 работници.