Најмалку 25 загинати при превртување на брод со имигранти кај Либија

Од:

Најмалку 25 лица загинаа, а околу 400 други се спасени кога брод што превезувал околу 600 илегални имигранти од Африка, се преврти денеска во водите на Средоземното Море во близина на либискиот брег, соопшти вечерва претставникот на италијанската Крајбрежна стража, комодорот Филипо Марини.

Тој нагалси дека спасувчката операција во која се вклучени седум пловила, меѓу кои и ирски воен брод и еден брод на организацијата „Лекари без граници“, се уште трае.

Италијанските медиуми наведуваат дека се стравува оти при бродоломот се удавиле околу 200 лица.

Бродот утрово испловил од Либија, но по изминати само 15-тина наутички милји, кога се наоѓал на 110 километри северозападно од Триполи, испратил повик за помош, на што одговорила италијанската крајбрежна стража од базите на Сицилија.

Според медиумите, кога до бродот се доближил првиот спасувчки чамец, поголемиот број од имигрантите се префрлиле на едната негова страна, по што тој се превртел.

Претставник на италијанската Крајбрежна стража изјави дека бродовите што ги превезуваат спасените имигранти се толку преоптоварни „што е доволно само еден дел од патниците да станат и тие да се превртат“.

Портпаролот на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Италија, Федерико Фоси, соопшти дека постои стравување оти еден дел од имигрантите биле во подпалубниот простор на бродот и таму останале заглавени по неговото превртување.

Од почетокот на годинава во обид да стигнат до Европа во водите на Средоземното Море се удавија над 2.000 имигранти.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море