Најмалку 23 лица го загубија животот во поплавите кои го зафатија Судан, а над 3.000 куќи се уништени.
Владата во оваа африканска земја денеска одржа вонредна седница поради ситуацијата со водената стихија.
Локалното население, како и опозициските партии, не се задоволни од преземените мерки од страна на власта за време на сезоната на дождови во Судан, поради што бараат и оставка од одговорните.