Најмалку 22 лица загинаа, а 87 се повредени денеска при пожар кој зафати импровизиран верски објект во југоисточниот дел на Сенегал, во кој биле собрани муслимански верници.
Пожарот избил во селото Медина Гунаш, а меѓу повредените околу 20 лица се наоѓаат во критична состојба.
Сенегалската национална телевизија објави дека силните ветрови овозможиле ширење на пожарот меѓу дрвените куќарки во муслиманскиот центар за медитација, иако причината за огнената стихија се уште не е позната.
Илјадници муслимани од Сенегал, Гвинеја и други западноафрикански земји секоја година се собираат во Медина Гунеш поради духовен одмор.