Најмалку 21 загинат во судири во Либија

Од:

Најмалку 21 лице загинаа, а повеќе од 60 беа ранети во судири западно од либиската претстолнина Триполи, соопштија денеска болничките извори.

Националистичката милитантна група од градот Зинат, кој се наоѓа југозападно од Триполи, извршила напад врз соседниот град Кекла, кој ја подржува ривалската група Либиска зора.

Во посета на Либија вчера прстојуваше генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Либија, да престанат со судирите.

Тој, по неговото ненајавено пристигнување во посета на Триполи, изјави дека сите групи би требало да престанат со судирите и додавајќи дека ако не престане конфликтот „перспективата за подобар живот ќе остане само далечен сон за Либија“.

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во петокот соопшти дека поради судири меѓу ривалските милатантни групи во Либија, ококлу 287.000 луѓе ги напуштиле своите домови .

Портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс изјави дека во изминатите три недели околу 100.000 луѓе избегале од предградието на Триполи, Варшефан.

Африканската држава Либија, која е богата со нафта, се наоѓа во криза уште од бунтот од пред три години со кој од власт беше симнат Моамер Гадафи. Преодната либиска Влада сега се соочува со моќните милитантни групи кои се обидуваат да ја сменат власта во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски