Во циклонот што претходните денови ја погоди Шри Ланка, при што загинаа 201 лица, се движи кон северниот дел на азискиот континент, кон Бангладеш и Бенгалскиот Залив.
Во поплавите и лизгањето на земјиште во Шри Ланка претходните денови загинаа 177 луѓе, додека 24 настрадаа во бурата што ја погоди источноиндиската држава Бихар.
Во крајбрежните делови на Бангладеш, кои се на ниска надморска висина, најверојатно ќе бидат погодени од бура, поради што нивото на опасност е подигнато на седум, на скалата од еден до десет.
Во индиските држави Трипура, Мизорам, Манипур, Негаланд и Арунахал Прадеш во сила е предупредување поради бурата што се движи кон Бенгалски Залив.