Најмалку 18 жртви при полициска рација во сиромашна населба во Рио де Жанеиро

Од:

Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција.

Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро упаднаа во комплексот Алемао, во рамки на акцијата против организирани криминални групи, осомничени за повеќе кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови, се наведува во соопштението.

Според полицијата, најмалку 18 лица загинаа во рацијата, од кои еден полицаец, 16 осомничени криминалци и една жена која се нашла во близина.

Во операцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири летала и 10 оклопни возила.

Поради големиот број загинати, полициската акција поттикна истрага за можно кршење на човековите права.

„Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомнение дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро“, се истакнува во соопштението на државниот правобранител.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он