(ВИДЕО) Најмалку 18 повредени во напад врз Запорожје

Од:

Најмалку 18 лица, вклучувајќи едно дете, се повредени во рускиот воздушен напад врз Запорожје, објави денес началникот на воената администрација на регионот Запорожје, Иван Федоров.

„За среќа, информациите за луѓе под урнатините сè уште не се потврдени. Сепак, 18 лица веќе побарале медицинска помош“, рече Федоров, пренесува Укринформ.

Според Федоров, руските сили извршиле воздушен напад врз цивилни објекти во Запорожје сред бел ден, на три локации. Според првичните информации, оштетени се станбени згради и медицински установи.

– Непријателот погодил голем број објекти со воздушен напад и ги уништил. Подготвени се дополнителни кревети во медицинските установи во случај на нови напади, рече Федоров.

Тој додаде дека, покрај станбените објекти, оштетен е и приватен медицински објект.

– Непријателот фрлил пет КАБ бомби врз станбени области кон крајот на работниот ден, знаејќи точно дека ќе бидат погодени цивили, рече началникот на регионот Запорожје.

Претходно беше објавено дека руската армија го нападнала центарот на градот и дека се слушнале околу шест експлозии.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната