Најмалку 15 лица загинаа, а 75 се повредени во стампедо на стадион по воената парада во главниот град на Мадагаскар, што се одржа вчера по повод независноста.
Министерот за одбрана, генерал Ричард Ракотонирина изјави дека засега не е познато како дошло до стампедото.
Како што пренесуваат медиумите, луѓето се втурнале да влезат на стадионот, а била отворена само една помала врата.