Најмалку 15 мигранти умреле од жед и глад на брод што плутал една недела кај брегот на Јемен

Од:

Најмалку 15 мигранти од Етиопија умреле откако им се расипал моторот на бродот со кој пловеле, па цела недела плутале по отворено море без храна и вода, соопшти денеска Организацијата за мигранти на ОН.

Мигрантите на бродот биле превезувани од шверцери, а патувале од Џубити за Јемен.

Преживеаните изјавиле дека некои луѓе умреле од глад и жед , некои се удавиле, а некои стигнале до Јемен, но умреле пред да им биде укажана лекарска помош, пренесоа британските медиуми.

Повеќе од четири години Јемен се наоѓа во граѓанска војна во која досега се убиени десетици илјади лица, а земјата се наоѓа на работ на глад.

Илјадници мигранти, главно од Африканскиот рог, секоја година пристигнуваат во оваа земја со надеж дека од неа ќе влезат во богатите арапски земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ