Најмалку 14 загинати при уривање на градежно скеле во Виетнам

Од:

Најмалку 14 работници загинаа, а 30 други се повредени синоќа при уривање на големо градежно скеле во индистриската зона Вунг Анг во централниот дел на Виетнам, соопштија виетнамските власти.

Во акцијата за расчистување на урнатините и за пронаоѓање на телата на уште двајца загинати работници, покрај спаувачките тимови, се вклучија и припадници на виетнамската армија.

Државната Виетнамска телевизија (ВТВ) јави дека сите загинати при несреќата се Виетнамци.

Повредените работници, од кои дел се во критична сосотјба, се пренесени во болница.

Причините за уривањето на скелето засега не се познати.

Несреќата се случила на локција на која се гради пристаниште во рамки на комплекс во сопственост на тајванската компанија „Формоса“. За изградба на пристаништето била ангажирана јужнокорејската компаниија „Самсунг ЦТ“, која е дел од корпорацијата „Самсунг Груп“.

Оваа несреќа е последна во серијата инциденти во индустриската зона Вунг Анг, во која во минатиот период беа одржани повеќе протести на работниците и беа подметнати пожари во неколку објекти, како поседица на растечкото антикинеско расположени во Виетнам.

 

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски