Најмалку 14 загинати при бродолом крај Одеса

Од:

Најмалку 14 лица загинаа при потонување на мал брод во водите на Црното Море во близина на украинскиот град Одеса.

Како што соопшти гувернерот на Одеса, Михаил Саакашвили на бродот имало „не повеќе од 37 лица“.

Саакашвили истакна дека преоптоварениот брод, се оддалечил од пристаништето и со тоа ги нарушил правилата, бидејќи екипажот немал дозвола да го користи пристаништето.

Како што јави ТАСС, гувернерот додаде дека за тоа знаеле претставниците на украинската служба за гранично обезбедување.

– На бродот имало 37 лица, што е апсолутно недозволиво. За тоа не биле известени државните служби. Меѓу службите нема никаква координација, рече Саакашвили.

Саакашвили смета дека главна причина за трагедијата е недостиг на ред во сертификацијата и координацијата меѓу поединечни служби на пристаништето.

Тој нагласи дека непрецизните информации за бројот на загинатите се должи на недостигот на листа на патници.

Раководителот на владината комисија за истражување на несреќата, украинскиот вицепремиер Генадиј Зубко изјави дека технички на бродот не смеело да има повеќе од 12 лица.

Капетанот на бродот е приведен.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море