Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил

Од:

Бразилските спасувачи вчера открија нови тела под купишта кал во југоисточниот град Петрополис, уништен од поплави и свлечишта во кои, според новиот биланс, загинале 138 луѓе, меѓу кои 26 деца.

Обилни дождови наврнаа во вторникот во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на 60 километри северно од Рио де Жанеиро, претворајќи ги улиците во порои од кал и предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Повеќе од 500 пожарникари, хеликоптери и кучиња трагачи сè уште се мобилизирани, иако шансите за пронаоѓање на преживеани се сè помали.

Од почетокот на акцијата за спасување, пронајдени се 24 преживеани, но не е јасно колку луѓе се водат како исчезнати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он