Најмалку 130 загинати при неврме во Мозамбик и Мадагаскар

Од:

Најмалку 130 лица загинаа при неврме проследно со силен ветер и обилни врнежи, што зафати делови на Мозамбик и на соседниот Мадагаскар.

Како што јави ДПА, во поплавите предизвикани од поројните дождови во Мозамбик досега загинале најмалку 84 лица. Најголем број од жртвите, дури 64, потекнуваат од централната провинција Замбези.

Властите информираа дека надојдените води уништиле над 13.000 домови, како и дека околу 36.000 лица во поплавените подрачја се отсечени од светот и се соочуваат со недостиг на храна.

Во акцијата за снабдување со храна и лекови на лицата во поплавените региони на Мосамбик се вклучени пет хеликоптери.

Во соседната островска држава Мадагаскар невремето однесе 46 животи, а над 120.000 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.

Мадагаскар поплави

ТАСС јави дека невремето погодило 10 од вкупно 22-та региона на Мадагарскар, при што најтешко се погодени централните делови на земјата, вклучително и реонот на главниот град Атананариво, каде има и поплавени населби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Тропскиот циклон Гомбе предизвика 53 жртви во Мозамбик

Ана Ололовска

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар