Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и две деца, денеска загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при потпнување на траект.
– Траектот потона на 200 метри од брегот, а на него, според официјални податоци, имало 139 патници. Тракетот превезуваше и автомобили, камиони и мотоцикли, изјави портпаролот на полицијата Дики Сондани.
До сега се спасени 30 лица, а осум се хоспитализирани.
Несреќата се случи откако минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе.
Во Индонезија често се случуваат бродски несреќи бидејќи не се почитуваат безбедносните прописи.